Wassim Samih Seifeddine
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
БЕЈРУТ (АА) - Саудиски бизнисмен наводно бил киднапиран во регионот Баалбек во источен Либан, соопштија локалните медиуми, известува Агенција Анадсолија (АА).
Неидентификувани лица го намамиле Хусеин ал-Шамари на еден од ридовите на Баалбек со понуда дека ќе му продадат земјиште, потоа го киднапирале и побарале откуп, соопштија медиумите.
Војската на Либан утрово започна операција за пронаоѓање на местото каде што се наоѓа бизнисменот, се додава.
Според извештаите, Армијата извршила рација на голем број сомнителни локации и пронашла складиште со оружје и муниција во куќа во населбата Ал Шаравнех во градот Баалбек.
Сè уште нема коментар од либанските или саудиските власти во врска со овој настан.