Gökhan Kurtaran
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението споделено на твитер-профилот на Евровизија се истакнува дека и покрај тоа што победи украинската група „Калуш Оркестар“ со нивната песна „Стефанија“, поради тековната војна во земјата, Украина нема да може да биде домаќин на Евровизија 2023.
Се нагласува дека Европската радиодифузна унија (EBU) и британската радиодифузна институција „Би-би-си“ (BBC) се договориле во име на Украина, натпреварот во 2023 година да го организира Велика Британија.
Исто така се вели дека „Би-би-си“ (BBC) ќе ја преземе одговорноста за целокупната организација на натпреварот, што ќе се одржи во Англија во 2023 година.
Се додава дека градот каде што ќе се одржи натпреварот ќе биде одреден во текот на оваа недела.
На последното натпреварување на Евровизија одржано во мај, англискиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со песната „Space Man“.
Осврнувајќи се на темата, претседателот на украинскиот јавен радиодифузер UA:PBC, Микола Чернотицки, рече: „Благодарни сме што ‘Би-би-си‘ покажа солидарност со нас. Заедно можеме да го донесеме украинскиот дух на овој настан и уште еднаш да ги славиме нашите заеднички вредности како што се мирот, поддршката, различноста и талентот.“