Mahmoud Barakat
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
ТРИПОЛИ (AA) – Непознати напаѓачи, денес (сабота), во главниот град на Либија, Триполи, го грабнале Абас ал Кади, началник на Генералната управа на војската и исламските работи во Либија.
Ал Кади е киднапиран на контролниот пункт на аеродромот во Триполи и однесен во непознат правец, потврди за Anadolu Agency (AA) изворот кој сакаше да остане анонимен.
Либија е оптоварена со постојани судири од 2011 година кога во крвав бунт е убиен Муамер Гадафи, по повеќе од четири децении владеење.
Оттогаш политичките поделби создадоа две сопернички сили, првата во Тобрук и втората во Триполи, и дојде до формирање на многу вооружени групи.