свет

Спасен новинарот кој е киднапиран во Мексико

Од 2000 година до денес убиени се 146 новинари во Мексико. Од 2005 година, 21 претставник на медиумите се води како исчезнат

Zehra Ulucak  | 14.06.2019 - Обновена : 16.06.2019
Спасен новинарот кој е киднапиран во Мексико

МЕКСИКО (AA) - Спасен е новинарот Маркос Миранда Когко, кој го киднапираа неидентификувани вооружени сили во мексиканскиот Веракрус, јавува Anadolu Agency (AA).

Од полицијата е потврдено дека дошло до судир откако безбедносните сили го запреле сомнителното возило во кое биле три лица.

Киднапираниот новинар е пронајден заврзан во автомобилот. Миранда Когко е спасен неколку часа по грабнувањето. Како што рече по ослободувањето, ова е трет напад во последните шест до осум години.

Меѓутоа, тврди дека овие настани нема да го поколебаат.

„И понатаму ќе ја критикувам Владата“, порача Миранда Когко. Неговата сопруга тврди дека нејзиниот маж со години прима закани.

Од 2000 година до денес убиени се 146 новинари во Мексико. Од 2005 година, 21 претставник на медиумите се води како исчезнат.








На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın