свет

Меркел: „Европа се соочува со недостиг на станови“

Канцеларката Меркел, привлекувајќи го вниманието на недостигот на станови, особено во големите градови во Германија, и на зголемувањето на киријата, рече дека Владата работи за надминување на проблемот

Mesut Zeyrek  | 14.06.2019 - Обновена : 16.06.2019
Меркел: „Европа се соочува со недостиг на станови“

КЕЛН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, истакна: „Европа се соочува со недостиг на станови. Нашата задача е да го решиме овој проблем“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Меркел говореше на вториот ден од тридневниот настан организиран од Здружението на германските кираџии во хотелот „Маритим“ во Келн, Германија. 

Канцеларката Меркел, привлекувајќи го вниманието на недостигот на станови, особено во големите градови во Германија, и на зголемувањето на киријата, рече дека Владата работи за надминување на проблемот. 

Потсетувајќи дека Владата има различни стимулативни програми за изградба на нови станови, Меркел, наведе: „Имаме поддршки кои нема да ги вратат назад тие што сакаат да градат нови станови. Само нашите граѓани нека сакаат да градат домови, како Влада ние ќе помогнеме“. 

Истакнувајќи дека граѓаните, особено во големите градови, се жалат дека не може да купат стан со прифатливи цени и дека цените за изнајмување на становите се многу високи, Меркел додаде: 

„Европа се соочува со недостиг на станови. Нашата задача е да го решиме овој проблем. Продолжуваме да градиме социјални станови. Нашата желба е секој да има стан. Како Влада, нашата цел е таа“. 

Меркел, наведувајќи дека не сакаат граѓаните кои имаат потреба од станови да зависат од инвеститорите за недвижнини, рече дека ги следат тие што го злоупотребуваат недостатокот на станови. 

Меркел потсети дека новоподготвената реформа на данокот на имот во среда ќе се разгледува на владината седница, а идната недела во Сојузниот парламент. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın