Haydar Hadi
30 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку девет лица загинаа, а 22 се повредени во два бомбашки напади во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (АА).
„Седум лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на автомобил-бомба, паркиран во Старата чаршија во северниот дел на Багдад, во кварот Шааб”, изјави Ихсан Ал Хафаџи, за АА.
Истиот извор рече дека веднаш потоа дошло до уште една помоќна експлозија исто така во северниот кварт Таримије. Автомобил-бомба експлодирала, овој пат пред полициска станица, при што загинаа двајца, а повредени се седум лица.
Меѓу повредените во двата напади има неколку животно загрозени лица, па се стравува дека билансот на жртвите може да се зголеми.
Досега никој не ја презеде одговорноста за овие напади.