Gülbahar Sayım
19 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
БАМАКО (АА) - Најмалку четири лица беа убиени во терористичкиот напад на луксузниот хотелски комплекс во близина на Бамако, главниот град на африканската држава Мали, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во нападот на туристичкиот комплекс Kaнгаба загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и двајца напаѓачи. Повредени се осум лица, вклучувајќи и шест припадници на силите за безбедност“, изјави утринава министерот за безбедност на Мали, Салиф Траоре.
Tраорe, исто така рече дека локалните безбедносни сили се во потрага по неколку избегани напаѓачи.
Очевидци на настанаот тврдат дека во нападот кој започна минатата ноќ загинале најмалку седум лица.
Нападот е окарактеризиран како терористички чин, но досега ниту една организација не ја презеде одговорноста.
Припадниците на специјалната полиција на Мали (FORSAT) успеаја во текот на изминатата ноќ да евакуираат од хотелот вкупно 36 заробени лица.
Меѓу заробеницте лица во нападот имало и 13 Французи, по двајца државјани на Шпанија и Египет, еден Унгарец, двајца Холанѓани, еден Италијанец, еден Камерунец и 14 државјани од Мали.
Туристичкиот комплекс Kaнгоба е омилено одморалиште на туристите од западните земји.