Elvir Hocic
19 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ЛИСАБОН (АА) - Повеќе од 1.500 пожарникари и понатаму се борат со пламенот од шумските пожари во коишто во изминатите два дена животот го загубија најмалку 62 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Португалските служби денес очекуваат засилување во човечка сила и со „канадери“ коишто во рамките на помошта од ЕУ, тргнаа од Шпанија, Франција и од Италија.
Меѓу неколкуте шумски пожари во средишните делови на Португалија, најголем е оној на подрачјето на градот Педроган-Гранде, во којшто ноќта од саботата кон неделата животот го загубија 62 лица.
Повеќе од илјада пожарникари и понатаму се ангажирани на гасењето на пожарот којшто беснее околу 150 километри северно од Лисабон.
Во Португалија, поради загинатите во шумските пожари вчера е прогласена и тридневна национална жалост.
Топлото време со дневни температури над 40 степени Целзиусови, сувите ветрови и исушените грмушки придонесуваат за брзо ширење на пламенот којшто им се заканува на населбите, а поголемиот дел од настраданите изгореа во автомобили на патот зафатен со пожар кај Педроган-Гранде.