Tevfik Durul
13 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и шефот на француската дипломатија Жан Ив Ле Дриан по двојната средба и средбата со делегациите во Анкара, одржаа заедничка прес-конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја поддржуваме Турција по прашањето за Идлиб. Треба да обезбедиме почитување на прекинот на огнот“
Францускиот министер Ле Дриан, во врска со веста објавена во грчките медиуми во кои се тврди дека Франција планира поставување база на Јужен Кипар кој е под грчка администрација, која потоа ќе стане постојана го рече следното: „Воопшто немало план за француска база или позиционирање на воени единици на Јужен Кипар (грчка администрација). Кипарските медиуми грешат“
- „Ја поддржуваме Турција по прашањето за Идлиб“
Францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан, во врска со состојбата во сирискиот град Идлиб ја изрази својата загриженост и додаде „Ја поддржуваме Турција по прашањето за Идлиб. Треба да обезбедиме почитување на прекинот на огнот, бидејќи таму постои многу сериозна ситуација која може да има опасен и експлозивен ефект“.
Околу односот кон ситуацијата во Идлиб, Ле Дриан предупреди „Секој чекор кој што може да му наштети на прекинот на огнот, подоцна може да има драматични последици врз сите нас“.