Yeşim Sert Karaaslan
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
АНКАРА
Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, ја прими првата доза на вакцината против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Градската болница во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првата доза на вакцината „CoronaVac“ (Коронавак) произведена од страна на кинеската компанија „Sinovac“ (Синовак), кој почна да се применува во Турција, Шентоп ја прими во собата за применување на вакцина во Градската болница во турскиот главен град Анкара
Шентоп на сите им препорача да се вакцинираат, додавајќи дека извршените работи покажуваат дека вакцината е корисна.
Тој го оцени и процесот на вакцинирање на пратениците во Парламентот и рече дека откако ќе пристигне новата група на вакцини, ќе имаат појасен календар и датум за тоа.
„Во парламентот има 584 пратеници. Според официјалните информации кои ги добивме, регистрирани се 142 случаи на Ковид-19 кај пратениците. Значаен дел од нашите колеги лесно го поминаа, но имаше и некои кои многу тешко го поминаа тоа“, истакна Мустафа Шентоп, претседател ТБММ.