свет

Во израелските напади врз Газа за 175 дена загинаа 32.623 Палестинци

Уште 71 Палестинец е убиен, а 112 се ранети во израелските напади во последните 24 часа

Muhammed Emin Canik  | 29.03.2024 - Обновена : 30.03.2024
Во израелските напади врз Газа за 175 дена загинаа 32.623 Палестинци

ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година загинаа 32.623 Палестинци, јавува Анадолу.

Ешраф ал-Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, даде информации за израелските напади врз Појасот Газа што траат веќе 175 дена.

Ал Кудра наведе дека уште 71 Палестинец е убиен, а 112 се ранети во израелските напади во последните 24 часа.

Тој потврди дека бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа е зголемен на 32.623, а повредени се 75.092.

Ал Кудра нагласи дека има мртви тела и под урнатините и покрај патиштата, но поради препреките на израелските сили медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın