Emel Gözellik
23 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
ПЕКИНГ
Кинеската компанија „Синовак“ соопшти дека вакцината против коронавирус (Ковид-19), „КоронаВак“, е „ефикасна и безбедна“ кај децата на возраст од 3 до 17 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гинг Ѕинг, медицинскиот директор на компанијата „Синовак“, на прес-конференција истакна дека 550 деца учествувале во раните и средните фази на клиничките испитувања.
Според резултатите, како што наведе Ѕинг, вакцината е ефикасна и безбедна кај деца на возраст од 3 до 17 години. Тој исто така додаде дека две деца на возраст од 3 и 6 години имале висока температура за време на испитувањата на вакцините, додека другите деца покажале само благи симптоми.
Повеќе од 70 милиони вакцини „Синовак“ се употребени низ светот, вклучително и во Кина.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека до крајот на март ќе ја одобри употребата на кинеската вакцина „Синовак“.