Ali Cura
22 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
МОСКВА
Рускиот претседател, Владимир Путин, разговараше со претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, за односите Русија - ЕУ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кремљ, во телефонскиот разговор Мишел истакнал дека односите Русија - ЕУ ќе се дискутираат на состанокот на Советот на ЕУ, што ќе се одржи на 25-26 март.
Од друга страна, во разговорот Путин истакнал дека поради неконструктивниот однос на партнерите не е задоволен од состојбата во односите меѓу Русија и ЕУ.
„Руската страна, ако навистина има возвратен интерес, подготвена е повторно да се воспостави нормална, неполитичка форма на интеракција со ЕУ“, се истакнува во соопштението на Кремљ.
Исто така, во телефонскиот разговор разгледани се и прашањата за можната употреба на вакцината „Спутник V“ и другите тековни и регионални прашања во борбата против Ковид-19.