свет

Меркел и Конте изразија поддршка за безбедносната загриженост на Турција

„Како членка на НАТО и со својата позиција во коалицијата против ДЕАШ, Турција мора да игра улога за да ја обезбеди стабилноста на регионот“

Havva Kara Aydın  | 12.11.2019 - Обновена : 13.11.2019
Меркел и Конте изразија поддршка за безбедносната загриженост на Турција

РИМ (АА) - Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, вчера одржа заедничка прес-конференција со германската канцеларка, Ангела Меркел, на која изразија поддршка за безбедносната загриженост на Турција во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Двајцата лидери се состанаа да дискутираат за заедничките прашања меѓу двете земји, вклучувајќи ја миграцијата, вработувањето и Европската Унија.

За време на конференцијата, Конте ја нагласи важноста на НАТО како политички партнер.

„Доколку моето паметење не ме доведе во заблуда, ние мора ефикасно да управуваме со овој најдолг, најмоќен воен сојуз во историјата. НАТО не треба да ја изгуби улогата како политичка платформа“.

„Како членка на НАТО и со својата позиција во коалицијата против ДЕАШ, Турција мора да игра улога за да ја обезбеди стабилноста на регионот“, рече Конте, додавајќи дека веруваат во политичко решение за Сирија и ги разбираат безбедносните загрижености на Турција.

Тој истакна дека конференцијата за Либија ќе се одржи во Берлин, и ќе има за цел да го охрабри брзиот прекин на огнот во таа земја и да го продолжи политичкиот процес.

Меркел, исто така, се осврна на договорот од Малта потпишан на 23 септември меѓу Германија, Италија, Франција и Малта за преместување на барателите на азил кои беа спасени во морето од централниот Медитеран.

„Ова е позитивна порака, но има уште многу да се направи за да се постигне правична распределба на задачите во Европа“.

Меркел ја истакна важноста на соработката со либиската Крајбрежна стража за спречување на нерегуларната миграција и додаде дека тие треба да се сретнат со високиот комесар на Обединетите нации за бегалци и невладините организации за да се обезбеди дека се загарантирани човековите права во Либија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.