свет

Израелските сили го убија командантот на движењето „Исламски џихад“ во Газа

Израелската Војска соопшти дека цел на нападот бил командантот на „Исламски џихад“, Баха Абу ал Ата, и дека тој бил убиен во напад во неговата куќа во Газа

Ali Abo Rezeg  | 12.11.2019 - Обновена : 12.11.2019
Израелските сили го убија командантот на движењето „Исламски џихад“ во Газа

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили извршија воздушен напад утринава, во кој го убија командантот на бригадата „Ал Кудс“, военото крило на палестиското движење на отпорот „Исламски џихад“, јавува Anadolu Agency (AA).

Израелската Војска соопшти дека цел на нападот бил командантот на „Исламски џихад“, Баха Абу ал Ата, и дека тој бил убиен во напад во неговата куќа во Газа.

Во соопштението се наведува дека нападот бил одобрен од страна на премиерот и министер за одбрана, Бенјамин Нетанјаху.

„Абу ал Ата беше виновник за поголемиот дел на активностите на тоа движење во Газа, и беше директно инволвиран во операциите и обидите за напад на жителите на Израел и израелската Војска“, се вели во соопштението.

Палестинското движење „Исламски џихад“ ја потврди информацијата за убиството на Ал Ата.

„Оддаваме почест на командантот и неговата сопруга кои се убиени во ова злосторство, и прогласуваме состојба на готовност меѓу нашите борци“, се вели во соопштението.

Военото крило на бригадата „Ал Кудс“ соопшти дека се истрелани ракети во јужниот дел на Израел како одговор на ова убиство.

Во Појасот Газа е прогласена вонредна состојба и наставата во училиштата е прекината.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.