Ömer Faruk Yıldız
12 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ДАКА
Во источниот дел на Бангладеш се случи железничка несреќа во која дојде до судир на два воза. Во оваа несреќа животот го загубија најмалку 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во медиумите во Бангладеш, на 100 километри источно од главниот град Дака, во подрачјето Брахманбарија, дошло до судир на возови кои од Читагонг се движеле кон Дака, во 3:00 часот по локално време.
Спасувачките екипи информирале дека на местото на несреќата се пронајдени безживотните тела на 15 патници, а повредени се најмалку 40 лица.
Претставниците на власта информираа дека повредените се префрлени во болниците, но ја изразија својата загриженост од зголемувањето на бројот на загинати.
Засега нема информации за причината за несреќата.