Dildar Baykan,Safvan Allahverdi
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Организацијата „Investigative Journal“ која е позната по своите активности со кои ги таргетира Турција и Катар, во соработка со терористичката организација ФЕТО во Вашингтон одржа панел дискусија каде направи црна пропаганда против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Организацијата „Investigative Journal“ е основана со седиште во Велика Британија, и се вели дека е финансирана од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Оваа организација во Националниот прес центар во Вашингтон одржа панел дискусија на тема „Последната игра на Ердоган: Долгата рака на Турција во Сирија и САД“.
Голем број личности кои се против Турција, се собраа на оваа панел дискусија организирана од страна на „Investigative Journal“ чиј основач е Мухамед Фехми, поранешен новинар на „Ал Џезеира", кој е познат по своите објави против Турција и Катар, во чии рамки како советник работи Абдулах Бозкурт, кој е дезертер на ФЕТО.
Модератор на овој панел беше Тал Хеинрих, новинар на „i24“ со седиште во Израел, а привлече внимание што Ахмет Саит Јајла, поранешен полициски началник, кој е еден од личностите што ги воспоставуваше врските на ФЕТО во САД, имаше презентација во чии рамки тврдеше дека „Турција го поддржува тероризмот“.
На панел дискусијата свои обраќања имаа различни личности кои се познати по нивните анти-турски активности и ставови, меѓу кои американскиот новинар Адам Класфелд, истражувачот Мајкл Рубин од „American Enterprise Institute“, американскиот новинар Тео Паднос и Дејвид Филипс, директор на Институтот за воспоставување мир и човекови права при Унвиерзитетот Колумбија.
- Пречка за екипата на АА
Од друга страна, новинарите и камераманот на Anadolu Agency (AA) кои пред неколку дена се пријавија на овој настан и добија потврда преку маил за тоа, беа спречени да влезат на панел дискусијата.
Организаторите на панелот тврдеа дека „во системот не е регистрирана екипата на АА“. И покрај тоа што екипата на АА ги покажа документите кои ги поседува, не им беше дозволено да влезат без да да им биде наведено образложение.
Потоа, еден од организаторите излезе надвор и неколку пати на екипата на АА ѝ рече: „Не сте пожелни тука“. Но, тоа лице избегнуваше да даде објаснување за причината за спречување на нивниот влез.
Привлече внимание тоа што голем број претставници на американските медиуми беа присутни внатре, меѓу кои и некои новинари кои не беа регистрирани.
Новинарите на АА реагираа против овие случувања и нагласија: „Внатре зборувате за новинарство и медиумските права, додека тука спречувате да направиме вест“.
За прв пат се забележува дека полицајци беа поставени на влезот на салонот на еден настан организиран во зградата на Националниот прес каде се наоѓа и канцеларијата на АА во Вашингтон.
Иако немаат законско право, полицајците се обидоа да ги оддалечат новнарите на АА и да ги спречат да снимаат.