Hakan Çopur
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
ВАШИНГТОН
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД (Стејт департмент), Нед Прајс, истакна дека ќе продолжат конструктивно да работат со Турција со цел остварување на заедничките интереси во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Прајс на дневниот брифинг за медиумите одговори на прашањата во врска со последната состојба во Идлиб и за односите помеѓу Турција и САД во однос на Сирија.
Новинарот на АА укажа на вестите во кои се објаснува дека Турција е единствената земја што го спречила можниот масакр врз цивилите во Идлиб, и го праша Прајс дали постои можност за соработка помеѓу САД и Турција во врска со цивилите во Идлиб.
„Имаме заеднички интереси со Турција, особено во врска со Сирија. Ќе продолжиме конструктивно да работиме со Турција, со цел остварување на нашите заеднички интереси во Сирија“, рече Прајс.
Тој алудираше и на неговата претходна изјава во врска со турските војници што загинаа минатата година во Идлиб.