свет

Германија: Во 2020 година се забележани 1.606 напади на мигрантите

Ула Јелпке, портпаролката на партијата Левица, изјави дека бројот од 1.606 напади врз мигрантите во Германија всушност покажува дека неонацистите ги напаѓаат мигрантите во просек четири до пет пати дневно.

Erbil Başay  | 03.03.2021 - Обновена : 04.03.2021
Германија: Во 2020 година се забележани 1.606 напади на мигрантите

БЕРЛИН 

Нападите на мигрантите во Германија се на загрижувачко ниво, а само во 2020 година се забележани 1.606 такви случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за внатрешни работи на Германија одговори на прашањето на партијата Левица за бројот на нападите врз мигрантите во таа земја, а истакнато е дека во 2020 година се забележани дури 1.606 напади врз мигрантите.

Исто така, забележани се и 84 напади врз домовите и местата каде што престојуваат барателите на азил и 67 напади врз хуманитарните организации и волонтерите што им помагаат.

Ула Јелпке, портпаролката на партијата Левица, изјави дека бројот од 1.606 напади врз мигрантите во Германија всушност покажува дека неонацистите ги напаѓаат мигрантите во просек четири до пет пати дневно.

Таа додаде дека податоците што ги објави Министерството за внатрешни работи јасно откриваат колку насилството на крајната десница застрашувачки е вкоренето во Германија и дека бројот на нападите може да се зголеми, бидејќи некои доцна се бележат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın