Barış Gündoğan
04 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили фатија девет лица, од кои двајца припадници на терористичката организација ПКК, при обид илегално да влезат во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„На граничната линија Мардин/Кизилтепе се фатени девет лица кои на илегален начин се обидоа да влезат од Сирија во нашата земја“, се вели во соопштението.
Се додава дека по извршената истрага откриено е дека двајца од фатените лица се припадници на терористичката организација ПКК.