Турција, Коронавирус

Турција испрати уште 20.000 дози од вакцината против Ковид-19 во Турската Република Северен Кипар

Со најновата пратка, Турција досега за Турската Република Северен Кипар обезбеди 100.000 дози вакцини

Ahmet Gençtürk  | 04.03.2021 - Обновена : 04.03.2021
Турција испрати уште 20.000 дози од вакцината против Ковид-19 во Турската Република Северен Кипар

ЛЕФКОСА (АА) - Турција денеска испрати уште 20.000 дози вакцини против коронавирусот во Турската Република Северен Кипар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Авион на турското Министерство за здравство, кој ги носеше вакцините, утрово слета на Меѓународниот аеродром „Ерџан“ во Лефкоса, каде што официјалните претставници на Министерството за здравство на Турската Република Северен Кипар ја примија пратката.

Со најновата пратка, Турција досега за Турската Република Северен Кипар обезбеди 100.000 дози вакцини.

Бројот на случаи на Ковид-19 регистрирани во ТРСК изнесува над 3.500, 24 смртни случаи и над 3.000 оздравени лица.

Островот Кипар е поделен на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) на север и Администрацијата на кипарските Грци на југ од 1974 година, кога беше изведен државен удар од кипарските Грци насочен кон анексија на островот од страна на Грција и беше проследен со насилство врз Турците кои живеат на островот, што повлече интервенција на Анкара како земја гарант.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.