Seda Sevencan,Fahri Aksüt
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека бројот на починати од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа изнесува 15 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупниот број на починати од последиците од вирусот се искачи на 5.645“, изјави Коџа на Твитер.
Во последните 24 часа во Турција се потврдени 1.092 оздравени лица, со што вкупниот број на оздравени изнесува 211.561.
Коџа изјави дека во последните 24 часа се потврдени 963 случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 227.982.
Здравствените работници извршије повеќе од 47.400 тестирања за Ковид-19 последното деноноќие, со што вкупниот број на направени тестирања изнесува над 4,6 милиони.
Пандемијата на Ковид-19 одзеде речиси 655.300 животи во 188 земји и региони од светот. САД, Бразил и Русија моментално се земји најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот во светот.
Во светот се пријавени 16,54 милиони случаи на заразување на Ковид-19, а бројот на оздравени надмина 9,61 милиони, покажуваат податоците што ги објави американскиот универзитет Џон Хопкинс.