Handan Kazancı
28 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
АНТАЛИЈА
Археолозите ископаа женска статуа стара 1.700 години од хеленистичкиот период во античкиот град Перге, сега турска медитеранска област Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Првата скулптура во 2020 година е пронајдена во ископувањата во Перге“, на Твитер соопшти турскиот оддел за ископувања при Министерството за култура и туризам.
Споделени се посебни фотографии од статуата од цело тело на облечена жена и нејзината скршена глава.
Ископувањата во Перге ги предводи Седеф Кокај Кепче, професор по археологија на Истанбулскиот универзитет, соопшти Министерството, додавајќи дека статуата од 3 век ќе биде поставена во музејот во Анталија, откако ќе биде завршена работата.
Археолошкото место во античкиот град е систематски ископувано од универзитетот во Истанбул уште од 1946 година, а додадено е на списокот на листата на кулутрни наследства на УНЕСКО во 2009 година.
Според агенцијата на ОН, во овој град кој е познат по локалните скулптури, жените биле активни на административно ниво.