Zehra Ulucak
29 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
АНКАРА
Во последните 24 часа во Кина се потврдени 101 нов случај на заразеност со коронавирус, додека во Јужна Кореја откриени се 48 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на националната здравствена комисија на Кина се наведува дека меѓу заразените што се потврдени во последните 24 час, се наоѓаат три случаи кои се поврзани со странство.
Останатите 98 случаи регистрирани се во Ујгурската автономна област Синкјанг (89), во Љаонинг (8) и во Пекинг (1).
Во Кина изминатите денови не е забележан ниту еден смртен случај кој е предизвикан од коронавирус.
Вкупниот број на заразени во Кина достигна 84.060, додека 4.634 заразени со коронавирусот починаа.
Од почетокот на пандемијата, оздравеа 78.944 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19, додека во моментов активни се 482 случаи.
- Во Јужна Кореја потврдени 48 новозаразени со коронавирус
Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја информираше дека последните 24 часа се потврдени 48 нови случаи на зараза, од кои 34 се поврзани со странство.
Од останатите 14 случаи, 13 се забележани во Сеул, кој од мај навака е епицентар на заразата во таа земја. Еден случај на заразеност со Ковид-19 е детектиран во градот Бусан.
Вкупниот број на заразени во Јужна Кореја достигна 14.251. Од последици на заразеност со коронавирусот починаа 300 лица, додека оздравеа 13.069 заразени.