Zehra Nur Düz
29 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
АНКАРА
Говорејќи на прес-конференција, либанскиот министер за надворешни работи, Насиф Хити, рече дека либанската Влада го осудува нападот и дека ќе поднесе тужба до Советот за безбедност на ОН (СБОН), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Либан останува посветен на имплементацијата на Резолуцијата 1.701 на СБОН, но исто така има право на самоодбрана“, нагласи Хити.
Израелската армија во понеделникот објави соопштение дека извршила бомбашки напад врз пограничниот град Кафр Шуба, поради „безбедносен инцидент“.
Во него се вели дека трупите „спречиле обид за инфилтрација на Хезболах“ во областа Џабал Рос.
Хезболах, сепак, го негираше тврдењето, велејќи дека немало судир или пукање од нејзина страна во настаните што се случиле на јужната граница во Либан.
Израелската армија продолжува да биде во состојба на готовност на северната граница на земјата во очекување на одмазднички напад врз либанската организација Хезболах.
Хезболах вети дека ќе одговори на убиството на еден нејзин член во воздушниот напад за кој се верува дека го извршил Израел, на локација во близина на сирискиот главен град Дамаск.
Во текот на изминатите денови, Израелската армија вети дека ќе распореди воени засилувања на границата со Либан.