Aysu Biçer
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Извозот на Турција во јуни е зголемен за 15,7 отсто во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи 13,5 милијарди долари, објави денеска статистичкиот завод на оваа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Република Турција (ТуркСтат) соопшти дека извозот на таа земја исто така се зголемил за 8,3 отсто и изнесувал 16,3 милијарди долари во однос на истиот месец минатата година.
Дефицитот на надворешно-трговската размена во јуни изнесуваше 2,8 милијарди долари, што е за 17 проценти помалку отколку во истиот месец во 2019 година.
Истиот месец покриеноста на увозот со извоз изнесуваше 82,6 отсто, додека во јуни 2018 година изнесуваше 77,2 отсто.
Според податоците на ТуркСтат, извозот на Турција во 2019 година изнесуваше 167,92 милијарди, а увозот 171,53 милијарди долари.