Erkan Avci
17 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку 28 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Еквадор, јавува Anadolu Agency (AA).
Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот траел околу 40 секунди, а неговиот епицентар бил 27 километри југоисточно од Mуиснеа, слабо населена област полна со рибарски заливи.
Заменикот-претседател на Еквадор, Хорхе Глас, потврди дека досега загинаа 28 лица. Исто така, срушена е најмалку една куќа и надвозник во градот Гвајакил. Издадено е и предупредување за цунами.
Прогласена е вонредна состојба.