Bayram Altuğ
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација за миграција (ИОМ) при Обединетите нации (ОН) соопшти дека при превртување на чамец на отворени води кај Либија, загинале околу 90 бегалци претежно Пакистанци, јавува Anadolu Agency (AA).
Оливиа Хедон, портпаролка на ИОМ, соопшти дека еден чамец со мигранти изутрина се превртел на отворени води кај либискиот град, Зуваре, поради што носел повеќе луѓе од неговиот капацитет, при што загинале околу 90 мигранти кои се наоѓале во чамецот.
Хедон истакна дека 10 труови се излвечени, од кои 2 биле либијци, додека осум се пакистанци.
Според неа, крајбрежната безбедност на Либија продолжува со спасувачките операции.
Таа рече дека 2 лица пливајќи пристигнале до брегот, додека едно лице го спасило рибарско бродче.
Хедон информираше дека бројот на бегалците кои оваа година загинале во Средоземното море, достигнал до 246 лица, додека бројот на бегалците кои пристигнале во Европа изнесува 6.624 лица.