Barış Gündoğan
02 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 823 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ се неутрализирани од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот регион Африн, се соопшти турскиот Генералштаб, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се додава дека турските вооружени сили уништиле шест терористички цели и неутрализирале 12 терористи во воздушни напади во текот на ноќта.
„Операцијата 'Маслинова гранка'се одвива успешно според планираното“, се додава во соопштението.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.