Esin Işık
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
АНКАРА (АА) -Вооружените сили на Турција (ТСК) соопштија дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, се неутрализирани 811 терористи на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Војската на Турција се наведува дека се уништени 14 мети на терористичките организации, вклучувајќи засолништа, упоришта и складишта за оружје.
„Во рамките на операцијата Маслинова гранка е неутрализиран 21 терорист на ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ. Од почетокот на операцијата се неутрализирани вкупно 811 терористи “, се наведува во соопштението.
Се додава и дека операцијата протекува според предвидениот план.
Турските вооружени сили на 20 јануари ја започнаа операцијата „ Маслинова гранка“, со цел неутрализација на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во сирискиот пограничен регион Африн.