Faruk Zorlu
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во продолжение на истрагите против терористичката организација ФЕТО, турското Обвинителство издаде налог за приведување на 68 осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Налогот е издаден од страна на канцеларијата на Државниот обвинител во Анкара, а сите 68 осомничени се припадници на Командата на копнените сили на турската војска, меѓу кои и 19 активни војници.
Постапувајќи по налогот на Обвинителството, турската полиција утрово започна со паралелни акции во 19 турски области и приведе 19 осомничени.
Акцијата за приведување на преостанатите осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО е во тек.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години започна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, за во 1980-тите години значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во овие институции и, на крај, на 15 јули 2016 година да го изврши неуспешниот обид за воен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраните власти во Турција.
Во обидот за пуч загинаа најмалку 251, а беа повредени околу 2.200 лица.
Турските надлежни институции водат опсежна истрага во судските постапки против оваа терористичка организација.