Umur Koçak Semiz
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја уште еднаш успешно го изврши тестирањето на нуклеарно оружје, на 68-та годишнина од основње на оваа земја, објави севернокорејската држава телевизија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Наведено е дека тестирањето е ивршено поради мерење на јачината на нуклерни боеви глави, и дека Северна Кореја докажала дека успешно ја развила технологијата на поставување на боеви глави на балистичките ракети.
Пјонгјанг најави дека ќе продолжи со јакнење на своето нуклеарно вооружување.
Војската на Јужна Корееја соопшти дека се работи за најголем извршен тест до сега во Северна Кореја, кој во земјата предизвика потрес од 5,5 степени по Рихтер.
- Обама Провокациите од Пјонгјанг нема да останат без одговор
Претседателот на САД, Барак Обама, уште еднаш и даде гаранција на Јужна Кореја и Јапонија, дека активностите на Пјонгјанг нема да останат без одговор.
Во соопштенито од Белата куќа е наведено дека Обама во своето враќање од посетата на Југоисточна Азија е изввестен за нуклеарното тестирање на Северна Кореја, по кое направи два одвоени телефонски разговори со лидерите на Јужна Кореја и Јапонија.
Нагласено е дека Обама уште еднаш ја потврди посветеноста на САД за безбедноста на своите сојузници во Азија и целиот свет.
Обама порача дека САД ќе продолжи со соработката со своите сојузиници и парнери за „провокативните активности”, на Северна Кореја да не останат без одговор.