Şenhan Bolelli
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
МАДРИД (АА) - Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации (ИОМ) објави дека во 2020 година починале 850 нерегуларни мигранти при обид да преминат од северноафриканскиот брег кон Канарските Острови на истокот од Шпанија, што претставува зголемување за 40% во споредба со претходната година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на ИОМ за 2020 година се наведува дека 23.023 нерегуларни мигранти по морски пат од северноафриканскиот брег пристигнале на Канарските Острови минатата година.
Во извештајот, потсетувајќи дека во 2006 година на Канарските Острови пристигнале 31.678, што е највисока бројка на нерегуларни мигранти, се истакнува дека 2020 е година што се наоѓа на второ место според бројот на мигранти.
Во извештајот во кој се посочува на значително зголемената бројка на смртни случаи при нерегуларните миграции кон Канарските Острови, се истакнува дека во бројот на загинати, што во 2020 година изнесува 850 нерегуларни мигранти, не биле вклучени оние мигранти што починале при потонувањето на 5 чамци.
Според извештајот, при потонувањето на чамците со кои се пренесувани нерегуларните мигранти, на отворено море на бреговите на Мароко, Сенегал и Мавританија, најголемиот дел од жртвите (472 од нив) се регистрирани во периодот септември-ноември 2020 година.
Од друга страна, зголемувањето на миграцијата од северноафриканскиот брег кон Канарските Острови продолжува и во првите месеци од оваа година.
Локалната власт на Канарските Острови објави дека во последните 48 часа се спасени и извлечени на брегот повеќе од 300 нерегуларни мигранти што со 7 чамци пристигнале до бреговите на Големиот Канарски Остров.