Barış Seçkin,Beyza Binnur Dönmez
14 Септември 2023•Ажурирај: 15 Септември 2023
РИМ/ЖЕНЕВА (АА) - Во последните 36 часа речиси 6.800 нерегуларни мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Лоциран на медитеранската рута што води од Африка кон Европа, островот Лампедуза во вторникот пречека 5.112 нерегуларни мигранти, а протокот продолжи дури и во текот на ноќта со уште илјада мигранти, објави државната новинска агенција АНСА.
Еден од чамците со мигранти се превртел, а мајка од Гвинеја и нејзиното петмесечно бебе паднале во морето. Жената била спасена, но бебето се удавило, се вели во извештајот.
Откако група жители на Лампедуза протестираа против доаѓањето на мигрантите со седење пред Градското собрание подоцна во текот на денот, Градскиот совет на Лампедуза одржа итен состанок и прогласи вонредна состојба на островот.
Одлуката ја соопшти градоначалникот на Лампедуза, Филипо Манино.
Вкупно 116.028 нерегуларни мигранти пристигнале во Италија од 1 јануари до 11 септември без последните пристигнувања, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Бројката во истиот период од 2022 година изнесуваше 63.498.
„Франција ќе ги интензивира контролите на границата со Италија поради зголемувањето на миграцискиот проток за 100 отсто“, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин за локалните медиуми во вторникот за време на посетата на југоисточна Франција, јави францускиот весник „Фигаро“.
Средоземното Море е важна рута за нерегуларна миграција кон Европа.
Бродовите на мигрантите во неволја кои бараат помош обично ги спасуваат европските невладини организации наместо европските власти.
Нерегуларните мигранти кои стигнуваат до Европа со свои средства обично прво пристигнуваат на Лампедуза, италијанската територија најблиску до Северна Африка.