Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
АНКАРА (АА) - Научниците од САД развија нов метод за сврзување на имунолошките клетки и антителата коишто се борат против ХИВ-вирусот (предизвикувачи на болеста СИДА), со што ги прават поотпорни на овој вирус, јавува Anadolu Agency (AA).
Во списанието Зборник на Националната академија на науките (Proceedings of the National Academyi Of Scieces), објавени се резултатите од истражувањата на научниците од американскиот Институт „Скрипс“.
Имено, научниците при истражувањето развија нов метод врз основа на кој клетките отпорни на вирусот ХИВ многу побрзо ќе ги заземат местата на заболените клетки. Овој метод има потенцијал за лекување на лицата кои се носители на ХИВ-вирусот.
Откриениот метод им овозможува на антителата да ја прекријат површината на клетките, и на тој начин оневозможуваат вирусот да дојде до примателот и го блокира ширењето на инфекцијата.
Истражувачите Ѓиа Сје, Ричард Лернер и Лита Аненберг Хејзен, кои работеа на овој метод, порачаа дека антителата многу ефикасно дејствуваат на ХИВ вирусот.
Пред методот да биде испробан на човек, истражувачите во соработка со Центарот за генетика „Хоупс“ ќе ја утврдат неговата ефикаснот и сигурност.
СИДА-та е полово пренослива болест којашто претставува последен стадиум на инфекцијата на организмот со вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ), а се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем, што прави заразените да бидат подложни на широк спектар на инфекции и тумори.