Murat Temizer
06 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
ОСЛО (АА) - Норвешка во февруари оваа година доби 96,3 отсто од вкупната електрична енергија преку производството на хидроцентралите, соопшти Заводот за статистика на Норвешка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните податоци, оваа скандинавска земја во февруари годинава произведе 13,1 гигават-часови (GWh) електрична енергија, што е за 6,6 отсто помалку отколку во февруари минатата година.
Земјата ја произведува електричната енергија преку работата на хидроцентралите, со користење на топлинска енергија и од енергијата на ветерот.
Жителите на Норвешка во вториот месец од оваа година потрошија 11,7 гигават-часови електрична енергија.