Bedrudin Brljavac
02 Мај 2023•Ажурирај: 04 Мај 2023
ВРОЦЛАВ (АА) - Во Полска е забележан интересен обид за уривање на Гинисов рекорд, известува Анадолу.
Во Вроцлав дури 7.967 гитаристи се собраа на градскиот плоштад за да ја свират песната на Џими Хендрикс „Хеј Џо“ и на тој начин влегоа во Гинисовата книга на рекорди.
Музичарите претходните денови пристигнуваа во градот што се наоѓа во југозападниот дел на земјата, во обид да постават нов рекорд.
Минатата година вкупно 7.676 гитаристи се собраа на градскиот плоштад и поставија Гинисов светски рекорд.
Музичарот Лешек Цичонски го започна овој несекојдневен настана во Вроцлав во 2003 година.