Hakan Çopur
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - „Washington Auto Show” , саемот за автомобили кој оваа година е организиран по 75 пат, е најголем автомобилски саем на Северна Америка на која има десетици илјади посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот е отворен на 27 јануари во Конгресниот центар „ Валтер Е. Вашингтон ”, а на него учествуваат околу 35 произведувачи кои изложија околу 600 автомобили.
Најголемо внимание и интерес кај посетителите привлекоа електричните автомобили „пријатели на околината”, како и последните изданија на луксузните автомобили. Во рамките на сеамот ќе бидат наградени и најдобрите модели на овогодишното излагање.
Посетителите за време на саемот имаа прилика да ги испробаат и новите модели на автомобилите, а овогодишниот „Washinton Auto Show ” ќе трае до крајот на неделата.