Ekipa
04 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Странските авиокомпании кои работат во Иран добија инструкции од домашните патнички агенции да не продаваат карти за летовите кон САД на Иранците кои имаат виза за оваа земја. Ваквата инструкција е издадена откако новиот американски претседател Доналд Трамп донесе одлука за забрана на влез на граѓаните од седум мнозинско муслимански земји, меѓу кои е и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој потег доаѓа и покрај фактот дека американскиот федерален судија во Сиетл, вчера донесе одлука со која привремено се суспендира одлуката на Трамп.
Од патничката агенција Ковсар од Техеран велат дека инструкциите, да не се продаваат карти на Иранците кои поседуваат виза за влез во САД, се издадени на сите авиокомпании.
Од агенцијата додадоа дека нема проблеми за оние кои поседуваат постојан престој или пасош на САД.