Aldıjana Hadzıc
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на овој ден, издвојуваме:
1836 - Во Сан Антонио, Тексас, започна опсадата на Аламо. До крајот на опсадата, која заврши на 6-ти март со падот на тврдината, беа убиени речиси сите бранители- ветерани а загубата од мексиканска страна се искачи на 600 загинати и повредени.
1898 - Во Франција, откако го напиша отвореното писмо "J'accuse" („Обвинувам”), затворен е писателот Емил Зола. Во писмото ја обвини француската влада за антисемитизам и неправедно затворање на капетан Алфред Драјфус.
1903 - Куба по поразот во војната со САД, го отстапи заливот Гвантанамо.
1904 - САД за десет милиони долари ја презеде контролата на Панамскиот Канал.
1917 - Во Санкт Петербург избија првите демонстрации што го означија почетокот на Февруарската револуција.
1945 - Фотографот Џо Розентал во 1945 година во Јапонија ја направи познатата фотографија „Кревање на знамето”, која подоцна ја освои Пулицеровата награда.
1945 - Почина писателот Алексеј Николаевич Толстој.
1999 - Во лавина во местото Галтур во Австрија, загина 31 лице.
2014 - Затворени Зимските олимписки игри во Сочи, Русија.