Kurbani Geyik
27 Декември 2015•Ажурирај: 27 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Кабинетот на премиерот, официјалната посета на Давутоглу се реализира на покана од страна на неговиот српски колега Александар Вучиќ и ќе трае од 28-29-ти декември.
Во рамките на посетата на турскиот премиер Давутоглу во главниот град на Србија, Белград, со својот српски колега Вучиќ, ќе разговараат за сите аспекти на билатералните односи помеѓу двете земји и ќе разменат мислења за регионални и меѓународни прашања.
Под покровителство на "Халкбанк АД Белград" и во соработка со Стопанската комора на Србија во понеделник, 28 декември, во "Hyatt Regency Hotel" во Белград ќе се одржи Српско - турски бизнис форум.
На бизнис форумот ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, претседател на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеш, копретседателот на ДЕИК Турско - српскиот деловен совет, Александар Меџедовиќ и претседателот на ДЕИК, Омер Вардан Џихад.