Yeşim Sert Karaaslan
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на покана на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ќе престојува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателството на Р. Турција соопшти дека се очекува претседателот на Р. Македонија, Иванов, да престојува во официјална посета на Турција.
Претседателот Иванов, на покана на претседателот Ердоган, на 20 февруари ќе престојува во официјална посета на Турција. Во соопштението на Претседателството на Турција се вели: „На средбите што ќе се остварат за време на посетата, ќе стане збор за уште поголемо развивање на веќе извонредните македонско-турски односи, и ќе бидат разгледани чекорите кои треба зеднички да се преземат за просперитет, мир и развој на целиот Балкан”.