Suat Salgın,Uğur Ulu,Fahrettin Gök,Muhammed Ali Toruntay
18 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Во акциите на припадниците на безбедносните сили на Република Турција извршени во Баликесир и Ерзурум фатени се вкупно 422 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во подрачјето на Ајвалик, во турската област Баликесир, фатени се 55 странци во обид нелегално да преминат на грчкиот остров Лезбос.
Тимовите на Крајбрежната стража забележале група мигранти во чамец во морскиот простор на Саримсакли. Меѓу мигрантите со потекло од Ангола, Шри Ланка, Јужна Африка и Сирија имало жени и деца.

На мигрантите, кои биле префрлени во Дирекцијата за крајбрежна стража на островот Џунда им е укажана помош во лекови, ќебиња, храна и облека. Странците ќе бидат предадени на Дирекцијата за управување со миграции во Баликесир.
Полициските екипи во три возила во Ерзурум, пак, заробиле 367 мигранти од Авганистан и Пакистан.
Тимовите за борба против шверцот и организираниот криминал при полицијата во Ерзурум, во текот на ноќната патрола запреа автобус во кој се пронајдени 156 мигранти од Авганистан и Пакистан.
Во истовреме, во камион на друга локација беа пронајдени 168 мигранти, како и во камионет, во кој се наоѓаа 43 мигранти од Авганистан. Приведени се тројца возачи.
Мигрантите со паричен надоместок се договориле со возачот да патуваат до Истанбул.
Освен тоа, Генералштабот на Турција соопшти дека припадниците на безбедносните сили во операциите против илегалната миграција во саботата фатиле 1.515 мигранти кои се обидувале нелегално да ги преминат границите на земјата.
Во Турција од Сирија се обиделе нелегално да влезат 1.356, од Иран три, а од Грција 56 лица. Од Турција во Сирија и Ирак се обиделе нелегално да заминат две лица, а во Грција 96.