свет

Трамп во посета на Велика Британија од 3 до 5 јуни

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, во придружба на неговата сопруга Меланија Трамп, ја прифати поканата од Кралицата за државна посета на Велика Британија“, пишува на официјалниот профил на Твитер на кралското семејство

Ahmet Gürhan Kartal  | 23.04.2019 - Обновена : 24.04.2019
Трамп во посета на Велика Британија од 3 до 5 јуни

ЛОНДОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Велика Британија во првата недела од јуни, соопштија од Бакингамската палата, јавува Anadolu Agency (AA).

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, во придружба на неговата сопруга Меланија Трамп, ја прифати поканата од Кралицата за државна посета на Велика Британија“, пишува на официјалниот профил на Твитер на кралското семејство.

Посетата подоцна преку соопштение беше потврдена од „Даунинг стрит“.

„Претседателот и првата дама ќе ја посетат Велика Британија од 3 до 5 јуни, како што соопшти Бакингамската палата ова попладне“, се вели од британската Влада.

„Претседателот Трамп ќе биде гостин на Кралицата за време на неговата посета и исто така на „Даунинг Стрит“ ќе разговара со премиерот“, се додава во соопштението.

Премиерката Тереза Меј изјави дека Велика Британија и САД имаат длабоко и долготрајно партнерство кое е вкоренето во нивната заедничка историја и заеднички интереси.

„Ние правиме заедно повеќе од кои било две нации во светот и заедно сме побезбедни и попросперитетни поради нашата соработка“, изјави таа.

„Државната посета е можност да ги зајакнеме нашите веќе блиски односи во областите како што се трговијата, инвестициите, безбедноста и одбраната и да разговараме за тоа како можеме да ги градиме овие врски во наредните години“, додаде Меј.

- Претходни протести - 

Поканата за државна посета на Трамп од страна на Меј беше продолжена, за време на нејзината посета на САД на 27 јануари 2017 година, предизвикувајќи критики во Велика Британија поради контроверзната забрана на новиот претседател за патување во седум муслимански земји.

Трамп, кој беше во работна посета на Велика Британија во јули 2018 година, беше пресретнат со протести од страна на илјадници британски луѓе во Лондон и во разни поголеми градови, вклучувајќи ги Манчестер, Бирмингем, Глазгов и Белфаст.

Петиција со која се повикуваше британската Влада да ја откаже поканата, беше потпишана од повеќе од 1,85 милион луѓе. 

Владата одговори на парламентарната петиција, велејќи дека верува оти поканата на американскиот лидер за официјален прием, треба да се продолжи со целосна учтивост.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.