Umur Koçak Semiz
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
ВЕЛИНГТОН (АА) - Mалата островска држава во Тихиот Океан, Вануату, ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, јавува Anadolu Agency (AA).
Геолошкиот центар на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 109 километри западно од градот Соло на длабочина од 32 километри на под тлото.
Според првичните информации, земјотресот не предизвика човечки или материјални загуби.
Тоа е трет земјотрес што го потресе островотèВануату оваа недела, а надлежните органи сè уште немаат издадено предупредување за опасност од цунами. Во периодот од 3-ти до 6-ти април Вануату беше погоден од два земјотреси со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала.
Вануату се наоѓа во Тихиот Океан, јужно од Соломонските Острови.