Mümin Altaş,Betül Yürük
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ХЕЛСИНКИ (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека мигрантската криза не е ниту само блискоисточен, ниту само европски проблем, туку прашање на целото човештво, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската влада престојуваше во официјална посета на Финска, каде што со најголеми државни почести го прими финскиот колега Јуха Сипила, а потоа се состана и со финскиот претседател Саули Ниинисто.
По состанокот со колегата Сипила, Давутоглу истакна дека Турција и Финска оваа година одбележуваат 90 години од воспоставувањето дипломатски односи и дека никогаш досега немале никакви несогласувања.
Тој се заблагодари на Финска за поддршката на Турција во процесот на транзиција кон членството во Европската унија и постигнувањето на неодамнешниот договор за решавање на мигрантската криза помеѓу Турција и ЕУ. Ја пофали финската влада и за приемот на сириските бегалци од Турција и додаде дека бегалската и мигрантската криза е глобален проблем.
Давутоглу ги демантираше наводите на одредени западни медиуми дека Турција ги враќа бегалците во Сирија и рече дека од почетокот на војната во Сирија, од Турција присилно не е вратен ниту еден бегалец, ниту пак ќе биде вратен, затоа што Турција е свсна дека тие се жртви на злосторничкиот сириски режим.
Потсетувајќи дека пред два дена започна имплементацијата на договорот на Турција и ЕУ за враќање на мигрантите и размената на бегалците, Давутоглу рече дека на тој начин значително е намален бројот на мигранти кои по илегални рути преминуваат од Турција на грчките острови. Додаде дека до 20-ти март по таа рута преминале околу 6.000 мигранти дневно, а оттогаш тој број е намален на 350.
На прашањето на новинарите за процесот на приближување на Турција кон членство во ЕУ, шефот на турската влада Давутоглу рече дека Турција веќе ги исполнила сите критериуми и дека има право на полноправно членство во Унијата.
Турција веќе е подготвена да биде членка на Унијата, тоа и ќе стане еден ден со поддршка на членките“, рече Давутоглу.