Tayfun Salcı
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Сирискиот амбасадор и шеф на преговарачкиот тим на сириската Влада во процесот на мировните преговори кои траат во Женева, Башар Џафари, во ОН вчера изјави дека за време на преговорите на специјалниот претставник на ОН за Сирија и посредник во преговорите, Стефан Мистура, му предложиле измени во врска со документите за основните принципи, јавува Anadolu Agency (AA).
Џафари потврди дека за време на преговорите, на Де Мистура му предложиле одредени измени во врска со документите за темелните начела кој специјалнијот претставник ги изнесе пред делегацијата на сириската влада
Инаку, делегацијата на сирискиот режим, предводена од Џафари, во рамките на 3от круг на мировни преговори се состана со Де Мистура во седиштето на ОН во Женева.
Џафари им рече на новинарите дека состанокот бил крајно конструктивен и ефикасен.
"Разговаравме за документите за темелните начела со цел во Сирија да се постигне мировно решение. На Де Мистури му предложивме одредени измени во врска со овие документи", изјави Џафари.
Напомена дека за споменатиот документ повторно ќе разговара со Де Мистура на состанокот кој е планиран за 18 април.
На крајот изјави дека во јавноста неможе да сподели никаква значајна информација во врска со мировните преговори, бидејќи, само што е одржан првиот состанок со Де Мистура во рамките на продолжување на преговорите во Женева.
Да потсетиме, во Женева во среда почна новиот круг на мировни преговори за Сирија на кои ќе проба да се пронајде решение за војната на погодената земја.
Првиот ден на преговорите во седиштето на Обединетите нации (ОН), специјалниот претставник на Обединети народи за Сирија одржа состанок со делегацијата на опозицискиот Високо преговарачки совет. Состанокот е одржан зад затворени врати и траеше два часа.
За време на новиот круг на преговори, најмногу ќе се разговара за процесот на политичка транзиција во војната на Сирија.