Meiramgul Kussainova
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
КИЕВ (АА) - Помошник-министерот за инфраструктура на Украина, Јуриј Васков, соопшти дека до крајот на месецот се планира да се натоварат со жито уште најмалку десет бродови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Васков рече дека бродот „Сара“, што заплови во пристаништето Одеса вечерта на 14 август, ќе биде натоварен со 8.000 тони пченка, а бродот „Ефе“ со 7.500 тони нафта.
Според него, во украинските пристаништа во тек е товарењето на шест бродови.
„Во текот на две недели, 16 бродови испловија од украинските пристаништа низ коридорот за жито за да испорачаат речиси половина милион тони украински житни производи во девет земји во светот“, рече Васков.
Тој додаде дека се планира до крајот на месецот да бидат натоварени уште најмалку десет бродови.