Gorana Jakovljevic
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
СЛАВЈАНСК (AA) - Руските сили повеќе пати го погодија украинскиот град Славјанск, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градот во областа Доњецк во Украина претрпе голема штета врз инфраструктурата поради руските воздушни напади, а екипите на терен се обидоа да ги поправат последиците од нападот.

Во нападите се оштетени многу згради и куќи, а жителите се обидоа да ги исчистат и да ги поправат своите домови за да продолжат со животот.
Според проценките на Обединетите нации (ОН), најмалку 5.401 цивил е убиен, а 7.466 се ранети од почетокот на војната во Украина на 24 февруари. Агенцијата на ОН за бегалци наведе дека околу 10,6 милиони Украинци избегале во други земји, а дека околу 7 милиони се внатрешно раселени.