Ethem Emre Özcan, Mohamad Misto, Eşref Musa
12 Август 2021•Ажурирај: 14 Август 2021
ХАСЕКА
Терористичката организација ЈПГ/ПКК во последните две недели киднапира две девојчиња на возраст од 13 и 16 години во градот Камишли, кој го окупира во североисточна Сирија, со цел да ги вклучи во својот вооружен персонал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на АА добиени од локални извори, терористите на ЈПГ/ПКК пред две недели во областа Камишли, Хасека, ја киднапираа 16-годишната Ахед Абдулгани Емин, девојка со арапско потекло.
По киднапирањето, роднините на Емин, одејќи во канцеларијата на Обединетите нации во областа Камишли, се пожалија на терористичката организација и побараа помош за ослободување на киднапираната девојка.
Терористите на ЈПГ/ПКК, со сила регрутираните девојчиња ги одведоа во таканаречените кампови за обука. На сличен начин, на 9 август го киднапираа и приведоа 13-годишното девојче по име Симаф Мухамед Салех Осман. Меѓутоа, како резултат на големите реакции, девојчето беше ослободено.
Во претходните периоди, терористичката организација киднапира многу девојки во провинцијата Хасека и насилно ги вклучуваше во својот вооружен персонал.
-ЈПГ/ПКК ги користи децата како борци
Во Извештајот за шверцување луѓе во 2020 година, објавен на 26 јуни од страна на Министерството за надворешни работи на САД, се наведува дека терористичката организација ЈПГ/ПКК присилно ги тера децата да војуваат.
„ЈПГ продолжи со искористување и присилно регрутирање, дури и на девојчиња и момчиња на 12-годишна возраст од бегалските кампови во северозападниот дел на Сирија“, се истакнува во извештајот.
Советот за човекови права при Обединетите нации (ОН), во извештајот објавен на 16 јануари сподели нови наоди во врска со тоа дека терористите на ЈПГ/ПКК, децата во Сирија ги користи како борци.
Од друга страна, Вирџинија Гамба, специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН, поради ситуацијата со децата во оружените конфликти, на 29 јуни 2019 година во Канцеларијата на ОН во Женева се состана со Ферхат Абди Шахин, еден од челниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК со кодно име „Мазлум Абди“. На оваа средба беше одржана официјална церемонија на која беше потпишан акционен план со цел оваа терористичка организација да ги ослободи децата борци.
Но по ова, ОН или други меѓународни организации не објавија некој извештај околу тоа дека е ставен крај на оваа состојба.